Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа (службен весник на РМ бр. 5/02), член 23 од Статутот на Општина Крива Паланка (службен гласник на општина Крива Паланка бр. 8/10, 8/14, 2/18 и 3/19), чл.51 од Законот за за јавни патишта (службен весник на РМ бр. 84/08 и измените на истиот заклучно со 163/16), чл. 1 од Законот за безбедност на сообракаот на патиштата (Службен весник на РМ бр. 169/15, 226/15, 55/16, 11/18, 83/18 и Сл.весник на РСМ 98/19), Градоначалникот на Општина Крива Паланка, донесе
За привремена забрана за движње на сите видови на моторни возила, велосипеди и пешаци, по едната коловозна лента на дел од улицата Св. Jоаким Осоговски (од км 0+000 до км 0+070 м) од безбедносни причини, бидејки како последица од обилните врнежи се има појавено одрон/свлечиште кое е потребно да се санира. Забраната ќе важи се до завршетокот на градежните активности за санација на свлечиштето.
Општина Крива Паланка
Градоначалник
Сашко Митовски