Општина Крива Паланка интензивно ги санира последиците од невремето

Општина Крива Паланка превзема интензивни мерки и службите работат на санација на настанатите штети од неверемото проследено  со пороен дожд, грмежи и врнежи од град кое во изминатиот период ја зафати територијата на Општина Крива Паланка, и предизвика големи оштетувања на комуналната и социо економска инфраструктура.

Во моментот службите на општина Крива Паланка во соработка со државните јавни  претпријатија работат на најбрза санација на настанатите  штети, согласно приоритетите (најкритичните места)  утврдени со акциониот план на Штабот за заштита и спасување на општината.

Преглед на настанати штети  на кои во моментот се работи и ќе се работи се додека не се санира и најмалата направена штета:

  • Свлечиште на главната улица “Св.Јоаким Осоговски” на клучката кај патот за  мала  Саат и Базјанска Мала во градот и патот за село Кошари;
  • Свлечиште и големо оштетување  на коловозот на стар манастирски пат;
  • Големо оштетување  на локални асфалтни патишта село Кошари;
  • Големо оштетување има на патната инфрструктура во село Жидилово;
  • Големо оштетување има на патната инфрструктура  на регионалниот пат до  село Огут но и на локалните патишта  од и  до пооделни маали во селото;
  • Големо оштетување има на патната инфрструктура  на потегот  од село Огут до  село Нерав, каде поради надојденитe води на Огутска ; Река, пристапот до селото Нерав беше целосно отсечен, но има и големи оштетувања на локалните патишта до и од маалите во селото;
  • Големи оштетувања има и на патната инфраструктура во селото Крстов Дол;
  • Оштетувања има и на инфраструктурата во село Конопница од надојдените води на Конопничка(Селска) Река и други природни водотеци;
  • Големи проблеми и оштетувања има најмногу на патната инфраструктура со целосно отсечени и однесени  патишта кон село Борово, потоа во село Длчабочица, село Баштево и село Тлминци;
  • Оштетениот e мостот и кај населбата Мизовски Ливади, село Градец;
  • Оштетен e и пристапниот пат од  магистралниот  пат А2 до населбата   Мизовски Ливади, село Градец;
  • Свлечиште на регионалниот  пат во населбата Домачки Дол  на оддалеченост од 50 метри од патот што води за село Дрење;
  • Големи наноси на материјал и земја има во коритото на Домачки Дол на неколку локации кои  го пренасочуваат текот  на водата;
  • Свлечиште во населбата Домачки Дол непосредно долж  речното  корито на Домачки Дол;
  • Големо свлечиште има и во населбата Скрљава;
  • Во село Мождивњак надојдените води на Боровска Река имат   направено големо оштетување на асфалтниот пат;
  • Патот во село Мождивњак на потегот  од мала Сарафиновци  е однесен 200 до 300 метри;
  • Во село Мождивњак патот кон местото викано Дубје што води кон с. Острец целосно е однесен  и непристапен  за лесни возила;
  • Однесен мостот во населба Стамболици од надојдените води на Крива Река и  Селска река, на локацијата каде   Селска река се влива во Крива Река;
  • Во населбата Стамболици, поконкретно во местото Крстата Падина од мостот низводно целосно е однесен патот кој  претставува пристап за околу 30 куќи  како и друга инфраструктура ( кабли од интернет  и др.);
  • Во село Борово има непрооден пат поради големи наноси на земја, камен и друг материјал;
  • Во село Трново поради  уништени пропусти  на патот  до селото водата  од природни водотеци (долови) тече директно по асфалтниот пат и истиот е непрооден, со што е отсечен  пристапот  за населението кое живее во тој локалитет;
  • Десно од црквата Св. Никола во село Трново кај Рулева маала  има големи наноси на земја, камен и друг материјал со што истиот беше  непрооден за лесни возила;
  • Паднат Мостот во населбата Пашина Воденица во село Варовиште со што е отсечен  пристапот  до  5 куќи ( домаќинства);
  • Свлечиште на патот во село Дурачка Река кај вила Ана Марија со што беше отсечен патот за населението од Дурачка Река но и единствен пат (сообраќајница)  за жителите од Село Станци;
  • Големо свлечиште и на локалитетот Станечка Кривина во село Станци кој е и единствена сообраќајница за населението од неколку маали и од селото Дурачка Река ( мала Метов и др.) но и  селото Дренак;
  • Во село Киселица појавено свлечиште  пред Трновска Река има целосно блокирано локален пат во селото,  со што е отсечен  пристапот  на населението од тој локалитет;
  • Во село Тлминци има големи последици од невремето и за едно домаќинство, надојдените води имат поплавено куќа и  големи  наноси на патот   со што истиот  е целосно непрооден;
  • Поплавени се и две куќи ка јместото викано Тополки во Мизовски Ливади;
  • Големи наноси и непрооден патот на локација село М. Црцорија до место викано Ширина околу 3 километри;
  • Во село Киселица надојдените води на Киселичка Река имаат однесено два моста, едниот за пешаци на местото каде се дели патот за Трново и Дубровница и другиот кај училиштето во селото за пешаци и лесни возила;
  • Големи наноси на патот од местото викано Самоков на кај село Трново( потреба од најитно прочистување на истиот.);
  • Големо оштетување на патот и во село Киселица до малата Селиште;
  • Големи наноси од Камен, земја и друг материјал на локалниот пат во село Осиче од мала Калејци до маалото Река;
  • Во село Кркља патот што води од долно Варовиште кон споменикот на паднатаите борци од НОВ, околу 1 километар има големи оштетувања и истиот е непрооден за возила;
  • Улицата Калин Камен во градот која е една од нај оштетените од невремето  и е целосно надвор од функција , има проблеми и со паднати и  искривени бандери;
  • Во населбата Трештен Дол во градот, улицата во висока зона после асфалтот е целосно оштетена;

Грижата за граѓаните е на прво место!

 

Големина на фонт
Контраст