Се одржа петтиот Меѓународен детски фолкорен фестивал “Паланачка тројка”

– На сцената на Национална установа Центар за култура Крива Паланка синоќа продефилираа над двесте дечиња, играорци и играорки од земјава и соседството на 5-от Меѓународен детски фолкорен фестивал”Паланачка тројка “.

Во двочасовната фестивалска програма пред преполната сала настапија најмладите членови на возраст до 12 години на четири културно- уметнички друштва: “Врело” од Бујановац, Република Србија, “Илинден” од Струга, “Ефрем Каранов” од Кратово и домаќините,КУД “8 Октомври”, при НУЦК Крива Паланка.

Градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски, истакна дека петта година по ред, традицијата како национален белег, најмладите ја негуваат, почитуваат и презентираат низ ора, песни и танци, во ритамот на народното богатство сочувано од заборавот.

Фестивалот е дел од програмата на “Кривопаланечко културно лето”, што се реализира во организација на Општина Крива Паланка, културните институции од градот, со поддршка од Министерството за култура на Северна Македонија.

 

Големина на фонт
Контраст