Традиционалната трилатерална средба “Краиште” во организација на Општина Крива Паланка, Босилеград и Ќустендил и годинава на големиот христијански празник Петровден, на 12 јули 2023, повторно ќе ги собере на едно место жителите на трите општини од Србија, Бугарија и Северна Македонија.
Средбата ќе се одржи на месноста Голеш, село Голема Црцорија, на тромеѓето помеѓу трите држави, а граничниот премин 32/37 кај Краиште ќе биде отворен од 8 до 20 часот и граѓаните ќе можат да преминуваат со важечки лични карти или патни исправи.
И годинава на официјалната прослава “Краиште” ќе биде организирана богата културно уметничка програма на која ќе учествуваат уметници и изведувачи од пограничните општини – организатори.
Манифестацијата е дел од програмата на “Кривопаланечко културно лето 2023”.