Се одржа традиционалната манифестација “Краиште 2023”

Над илјада граѓани, жители на пограничните општини Крива Паланка, Босилеград и Ќустендил присуствуваа на денешната традиционална трилатерална средба “Краиште”.

Манифестацијата е во организација на Општина Крива Паланка, Босилеград и Ќустендил и истата, на овој убав летен ден,  на големиот христијански празник Петровден, ги собра на едно место жителите на трите општини од Србија, Бугарија и Северна Македонија.

Денешниот празничен ден, градоначалникот на Општина Крива Паланка,Сашко Митовски , го прослави заедно со жителите на трите погранични општини, со градоначалникот на Општина Босилеград, Република Србија, Владимир Захариев, и бројните граѓани што од разни краишта се собраа на народниот собир на месноста Голеш.

-Повеќе од илјада граѓани присуствуваа на народниот собир, на дружење со пријателите и познајниците, уживаа во прекрасната атмосфера и богатата културно – уметничка програма, во знак на блискоста и меѓусебната почит на народите од трите страни на границата.За многу години Петровден, напиша градоначалникот Митовски.

Манифестацијата е дел од програмата на “Кривопаланечко културно лето 2023”.

Големина на фонт
Контраст