Отворен повикот за еднократна парична поддршка за првачиња од Општина Крива Паланка 

Поддршка од Општина Крива Паланка за сите првачиња од општината што ќе седнат во училишните клупи во учебната 2023/24 година- објавен е повикот за аплицирање за еднократна парична помош од 3.000 денари за сите семејства што имаат прваче.

Согласно број на Одлука 09-1788/15 од 10.04.2023 година, усвоена за учебната 2023/24 година, воведена е парична помош за првачиња со цел олеснување на почетните трошоци за учениците во семејствата.

Субвенции за првачињата од општината ќе се доделат врз основа на поднесено барање до Општина Крива Паланка.

Со цел олеснување на процедурите и полесна апликација, барањето за остварување на еднократна помош освен со писмено потполнување и достава до општинската архива, може да се поднесе и онлајн преку веб или мобилната верзија на дигиталната платформа #мЗаедница, дел наменет за #Субвенции.

Со барањето потребно е да се достават следните документи: потврда од општинското основно училиште за запишан ученик во прво одделение во тековната учебна 2023/24 година, фотокопија од извод од матичната книга на родените, за првачето, фотокопија од важечка лична карта или патна исправа на родителот-апликант, фотокопија од активна трансакциска сметка на родителот-подносител на барањето и уплатница од административна такса.

Краен рок за доставување на аплицикациите е 30 септември 2023 година.

Барање за доделување еднократна парична помош на семејствата со прваче во учебната 2023/2024 година на подрачјето на Општина Крива Паланка

Големина на фонт
Контраст