Повик за учество на обуки за развој на женски бизниси

Центарот за  управување со промени (ЦУП), Скопје во својство на  имплементатор  на проектот ,,Социо економско јакнење на младите жени во Североисточниот плански регион на РСМ,, финансиран од Европската Унија, во месец Септември 2023 година ќе реализира четири обуки, за развој на женски бизниси.

Обуките се наменети за жени до 35 години од општина Крива Паланка.

Целта на обуките е да им помогнат на младите жени од руралните средини да развијат креативни идеи за започнување на сопствен бизнис согласно вештините и можностите кои тие ги поседуваат.

Сите заинтересирани граѓанки може да се пријават и воедно доколку имаат  потреба од  повеќе информации кај контакт лицата  во Општина Крива Паланка.

Контак лица:

Гордана Ристовска , тел: 071 334 453
Емаил: [email protected]

Лидија Митовска, тел: 076 337  445
Емаил: [email protected]

                                                                                                                    Општина Крива Паланка
Градоначалник
Сашко Митовски

Големина на фонт
Контраст