Асфалтирана улицата “Ристена Гогова”

Општина Крива Паланка периодов интензивно работи на унапредување на сообраќајното поврзување во повеќе делови од градот.

Нов асфалт е веќе поставен на улицата “Ристена Гогова” во населбата Баглак, кадешто наскоро ќе заврши и асфалтирањето на улицата “Баглачка”.

-Жителите на ул”Ристена Гогова” чекорат по нов асфалт. Комплетно асфалтирање е извршено во должина од 263 метри, на вкупна површина од  920,5 метри квадратни. Инвестицијата е од буџетот на општината и истата изнесува 1.813.355 денари. Жителите на ул “Ристена Гогова” од денес чекорат по нов асфалт. Вложуваме во подобрување на сообраќајната инфраструктура, влложуваме во подбри услови за сите граѓани, истакна градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

Изведувач на градежните работи е ДПТТГТУ “Лабино Трејд”, ДООЕЛ експорт-импорт Гостивар.

Големина на фонт
Контраст