Жителите на населбата Баглак деновиве добија две нови асфалтирани улици, по ул”Ристена Гогова”што доби нов асфалтен слој деновиве, денес заврши изградбата и асфалтирањето на пристапна улица “Баглачка”, со што, како што истакна градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, решен е долгогодишен горлив проблем на граѓаните.
-Вложивме 1.3 милиони денари преку Биро за регионален развој за вкупна должина од 143 метри и дополнителни 80 метри се финансирани од буџетот на општината. Инвестираме во подобра инфраструктура и подобри услови за граѓаните од сите делови на градот, за урбана Крива Паланка , рече Митовски.
Летната градежна офанзива во Општина Крива Паланка продолжува и во периодот до крајот на месецот но и во август. Следува реконструкција , рехабилитација и асфалтирање на повеќе улици во градот, како и санација и крпење ударни дупки согласно Програмата за 2023 година.