Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, организираше заеднички ручек за корисниците од Дневниот центар во општината по повод завршувањето на тековната година на престој во центарот, пред нивното заминување на одмор.
-Заедно сум во многу прилики, како што и ветив, со корисниците од Дневниот центар.
Денес се дружевме по повод нивното заокружување на предметната година. На заедничкиот ручек споделивме срдечни насмевки, им посакав пријатен одмор и со нови сили да се вратат од септември, за повторни убави заеднички моменти и средби, рече градоначалникот Митовски.
На ручекот присуствуваа единаесетмина корисници заедно со координаторот на центарот, Гоце Цветковски.
Одделот на Меѓуопштински центар за социјална работа, Дневен центар за престој на лица со интелектуална и физичка попреченост во Крива Паланка е првиот од ваков вид во државата, формиран е во 1993 година и годинава одбележува јубилеј од 30 години.