Ново детско катче во градинката “Детелинка” поддржано од Ромактед -фаза 2

За здрави навики кај дечињата и младите направено, уредено е уште едно детско игралиште во Општина Крива Паланка, лоцирано е во дворот на градинката “Детелинка” објект на ул.св.Јоаким Осоговски.

Изградбата на детското урбано катче е поддржана од Советот на Европа, во рамки на проектот Ромактед -фаза 2, како дел од активностите за справување и ублажување на последиците од Ковид-19 пандемијата.

Токму ова игралиште за сите дечиња, вклучително и дечињата од Ромска националност е уште една локација за социјализација и усвојување здрави животни навики кај младите.

Ова е четврто по ред урбано детско катче изградено и уредено во општината за само еден месец.

Општина Крива Паланка инвестираше во детски игралишта во населбата Скрљава, кај м.в. Болничка ливада, во населбата “Единство” и во населба Баглак кај Метеоролошка станица.

Големина на фонт
Контраст