Деко Ѓорѓиев на “Кривопаланечко културно лето 2023” 

Публиката во Крива Паланка синоќа уживаше во фантастичниот настап и одлична забава што ги приредија Деко Ѓорѓиев и неговиот бенд .

На летната сцена во градскиот парк во топлата атмосфера вистинско летно музичко освежување приредија младите музичари со изведба на бројни македонски евергрини, познати музички рефрени од популарните „Леб и сол“, „Нокаут“, „Меморија“, Владо Јаневски, Тоше Проески, Бени и нон-стоп,  како и изведбата на незаборавни светски поп – рок хитови.

„Кривопаланечко култрно лето 2023“ продолжува утревечер, сабта, 5 август 2023, со концертот на Културно-уметничко здружение „Карпош“ и гостите од фолклорните друѓтва од Велес, Кочани и Скопје.

Настанот ќе се одржи на плоштадот “Карпошово востание”.

 

Големина на фонт
Контраст