Од 9 -11 октомври оваа година во Крива Паланка по 6-ти пат се одржа Меѓународниот турнир во пинг-понг “КРИВА ПАЛАНКА 2009”.
На турнирот учествуваа 108 пингпонгари од 15 клуба од Македонија, Бугарија, Косово и Албанија. Тие се натпреваруваа во 3 категории поединечно и тоа од 13, 15 и 18 години, момчиња и девојки.
Според бројот на освоените медали за најуспешна екипа кај девојките е прогласен тимот на ППК “Крива Паланка” со една златна, две сребрени и еден бронзен медал, додека кај момчињата тоа беше екипата на ППК “Крива Паланка 2007” со освоени два златни и еден бронзен медал.