Крива Паланка третпат град-домаќин на француските авантуристи “Europ’Raid”

Општина Крива Паланка повторно ќе биде град – домаќин на авантурите на тркала од Франција кои со “Пежо 205” автомобили и годинава, во рамки на  8-то издание на “Europ’Raid” – прва авантуристичка обиколка со автомобили низ 20 земји во Европа тргнаа на 29 јули и сѐ до 19 август 2023 година ќе патуваат.

На 10 август, четврток, 700 – тина Французи од караванот на “Еurop’Raid 2023” ќе ја посетат Крива Паланка на патот во духот на меѓународната солидарност на кој носат училишна и спортска опрема што ја донираат на училишта од Балканот од: Босна и Херцеговина, Бугарија, Албанија и Северна Македонија.

Крива Паланка ќе ја угости организацијата  млади авантуристи кои патуваат  и се запознаваат со природните убавини, културата, традицијата и кулинарството на 20 европски земји.

За нивното пристигнување во нашиот град ќе бидар организирани повеќе активности: во 19 часот во училишниот двор на ООУ „ Св. Јоаким Крчовски“ ќе се одржи франкофонски музички хепенинг, а во 20:30 часот гостите ќе имаат можност да проследат културно-уметничка програма на градскиот стадион, на мултифункционалното игралиште.

Организацијата “Еуроп Ред” во соработка со Амбасадата на Франција ја одбраа Крива Паланка за македонски град-домаќин поради добро познатите активности во областа на франкофонијата. На настанот ќе присуствува делегација од Амбасадата на Франција, од Францускиот институт, Скопје и повеќе франкофонски здруженија и организации.

Поминувајќи 8.000 километри за 22 дена, секоја екипа има мисија “Еуроп ред” да обезбеди 70 килограми училишна или спортска опрема: училишни ранци, прибор, тетратки, топки, друштвени игри, сликовници и книги на француски јазик, спортска облека, обувки, наменети за младите франкофони со цел да ги поттикнат и мотивираат да го изучуваат францускиот јазик.

Големина на фонт
Контраст