Oпштина Крива Паланка со поддршка од Здружението за унапредување меѓусебна доверба ТАКТ и годинава ја организира манифестацијата “Фудбал за сите” што на градскиот стадион во општината повторно ќе ги израдува дечињата и ќе им овозможи петдневна фудбалска, спортска и забавна дружба.
Пријавувањето е отворено и може да се реализира до понеделник,14- ти август,а на школата ќе можат да учествуваат сите дечиња, момчиња и девојчиња, на возраст од пет до единаесет години.
За учество можат да ги контактираат одговорните: Бранко Павловски и Антонио Јакимовски, а “Фудбал за сите 2023” ќе трае од 16 до 20 август 2023.
Општина Крива Паланка продолжува со заложбите за реализација на проекти и активности насочени кон младите и спортот, еден од врвните приоритети.
Влогот во младите е влог во иднината.