-Централната кујна на детската градинка “Детелинка” од Крива Паланка е опремена со нови дванаесет електрични кујнски машини и апарати со инвестиција вредна 1.762.000 денари, обезбедени преку Министерството за труд и социјална политика на Северна Македонија.
-Набавени се 12 професионални кујнски електрични апарати за опремување на централната кујна на градинката во објектот “Пролетна роса” со капацитет за подготовка оброци на над 350 дечиња. Работиме постојано на унапредување условите за правилен раст и развој на најмладите.Заеднички вложуваме во грижата и воспитувањето на дечињата, нашето најголемо богатство, рече градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.
Со оваа инвестиција од МТСП набавени се: 2 фрижидери, 2 професионални машини за миење садови, машина за лупење компири, 2 електрични шпорети, конвектомстска печка, кипер, аспиратор, како и машина за перење и машина за сушење алишта.
Истовремено, кујната во објектот се реконструира со грант од Амбасадата на Јапонија во Северна Македонија во износ од 53.306 евра, со цел да подобрување на безбедноста и квалитетот на условите за раниот развој и дневниот престој на децата во Крива Паланка.
Минатата недела во дворот на градинката беше поставена опрема за ново урбано детско игралиште, преку проектот Ромактед -фаза 2, за дополнителна радост и забава на дечињата што престојуваат во градинката.