Младите музички таленти од градот блеснаа на сцената

“Кривопаланечко културно лето 2023” задолжително одвојува програмски содржини за претставување на младите таленти од општината.

На сцената на Национална установа Центар за култура Крива Паланка  синоќа блеснаа младите музичари од класата на професор Лариса Жулина – Митовски, а публиката во преполната сала ги награди со аплаузи.

Музичарите од основните училишта, некои од нив средношколци,но и студенти на музичките факултети во земјава и странство, кои работеле под менторство на професорката Жулина- Митовски, ги покажаа сиот раскош и потенцијал на нивниот талент, надграден со непрестајна работа и вежби.

Делата од врвни композитори беа изведени на пијано, кларинет, флејта, гитара, хармоника, а присутните уживаа и во раскошните вокални способности на дел од учесниците.

Професорката се заблагодари на поддршката од Општина Крива Паланка, институциите од областа на културата и Министерството за култура на Северна Македонија,  организатори и поддржувачи на “Кривопаланечко културно лето 2023”.

Вечерва на програмата е поп- рок концерт и настапот на Кристијан и “Duo Bright”.

Големина на фонт
Контраст