Француските авантуристи од “Еуроп ред” кои со 215 автомобили автомобили и годинава патувајќи низ Европа шират хумана мисија за меѓународна помош и соработка донираа околу 1.6 тони училишен прибор, материјали и спортска опрема за франкофоните од Основното општинско училиште”Св.Јоаким Крчовски”, Крива Паланка.
На настанот се обратија Емануел Гардиј, вршител на должност во Амбасадата на Франција во Република Северна Македонија, градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, како и претставници од француската организација и училиштето.
-Благодарам драги мои сограѓани што трета година “Еуроп ред” караванот не ги заборава младите франкофони , учениците од ООУ “Јоаким Крчовски”, ги донирате училишните материјали, спортска опрема и останато, ширејќи ја мисијата за активности насочени кон другите и кон меѓународната соработка. Благодарност до професорката Елена Николовска за тоа што ја шири наставата по француски јазик и придонесува нашиот јазик да зрачи во Северна Македонија, рече Гардиј.
Градоначалникот Митовски се заблагодари до Амбасадата на Франција што и годинава ја одбра Крива Паланка за град,- домаќин, како и за хуманата мисија на младите француски државјани.
– Вие сте вистински пример за младите да бидат хумани и грижливи едни за други, да си помагаат и да се почитуваат. Познавањето странски јазици им отвора врати кон Европа и светот на младите, а тоа јасно се потврдува и со препознаените заложби на професорката Николовска, пред се претставени преку бројните успеси на учениците во национални и меѓународни рамки, рече Митовски.
Од организацијата беа присутни Бенжамин Леден и Жереми Бланден, претседатели и организатори на Еуроп Ред, заедно со Жулиет Бертран, одговорна за логистика на Ероп Ред.
-Патуваме,ги запознаваме културата и традицијата на дваесет држави во дваесет денови, а носиме и опрема за училиштата од Романија, Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија. Денес овде во училиштето се присутни 23 екипажи,секој од нив со по 70 килограми опрема или над 1600 килиграми опрема за учениците што едуцира околу 800 ученици. Оваа наша солидарна акција нам не прави среќни зашто можеме да усреќиме други луѓе – дечињата. Благодарност до градоначалникот за приемот и срдечниот пречек тука,во вашиот град, до Гардиј од амбасадата и до професорката Елена за организацијата, рече Бертран.
Според професорката Николовска, посебно задоволство е што донацијата е доставена трет пат во училиштето што го носи името на човекот што целиот свој живот го посветил на образованието и литературниот јазик.
– Благодарам за донацијата во изминатите години,2021,2022 која беше донирана и дистрибуирана на деца од централниот објект, од подрачните училишта и на сите други дечиња на кои им е потребна, како и на дечињата без родителска грижа.Чест ни е трета година да ве пречекаме тука, во нашето училиште и да ви претставиме дел од нашите франкофонски активности.Вашата донација е и мотивација за нив за да продолжат да го изучуваат јазикот, рече Николовска.
Од дворот на училиштето Французите преминаа на спортскиот комплекс во градот,каде беше организирана културно- уметничка програма во организација на општината, а останаа и на кампување – преноќување на стадионот во градот.
Организаторите 8-то издание на “Еуроп Раид”, тргнаа во обиколка со автомобили низ 20 земји во Европа на 29 јули и сѐ до 19 август 2023 година ќе патуваат.
Секоја екипа од “Еуроп раид” има цел да обезбеди 70 килограми училишна или спортска опрема: училишни ранци, прибор, тетратки, топки, друштвени игри, сликовници и книги на француски јазик, спортска облека, обувки, наменети за младите франкофони.