Градоначалникот Митовски на средба со младите во пресрет на Меѓународниот ден на млади, 12 Август 

Младите се наши активни партнери во градење поубава иднина за сите, младите се енергијата и јадрото на сегашноста, младите денес – активни и наши партнери во градење на заедницата, за поубава иднина за сите, рече градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, на средбата со младите од општината од младински организации, здруженија, спортски клубови и индивидуалци.

Заедно со службеникот за млади, Даниела Милошевска, им го честитаа претстојниот 12 август, Меѓународен ден на младите.

– Енергични и полни позитивна енергија, секоја средба со младите посебно ме радува бидејќи сте срцето, моторот и движечката сила на градот, зашто секогаш, секаде младите се сегашноста и потенцијал за уште подобра иднина на заедницата.Токму поради тоа, посебен фокус во мојата работа, уште од првиот ден, градоначалник на Крива Паланка, се младите луѓе: ученици, студенти, спортисти.

И денес,во пресрет на Меѓународниот ден на младите, го честитаме со реални имплементирани младински политики во општината, како една од првите општини во државата со Програма за млади. Со за првпат воведени повеќе стимулативни мерки за млади: субвенции за набавка на дигитален уред, субвенции за набавка на велосипед, бесплатни термини за користење спортски објекти, еднократна парична помош за матуранти, набавка на количка за новороденче, еднократна парична помош за првачињата, продолжени стипендирања на талентирани ученици, студенти, спортисти, финансирани од буџетот. Честит 12 август со сите реализирани проекти во спортската инфраструктура, чиишто корисници се најмногу младите, реновирани безмалку сите училишни спортски терени,изградени и уредени нови игралишта, детски катчиња, најавувајќи изградба на уште неколку до крајот на годината, со богата и разновидна културна програма за нивна континуирана забава, можности за реализација на нивната креативност и потенцијал, рече Митовски.

Тој истакна дека младите заедно со локалната самоуправа градат европска општина и иднина за младите луѓе тука, во својот роден град.

Присутните млади поставија повеќе прашања што ги засегаат, од областа на средното стручно образование, од областа на уметноста, нивната информираност за сите тековни проекти и активни мерки на општината насочени кон младите,рекоа, се на задоволително ниво, а истакнаа и дека често се прашани, слушнати и инволвирани во спроведувањето на активни политики на локално ниво.

 

Големина на фонт
Контраст