Од денес до недела на градскиот стадион во Крива Паланка околу двесте и дваесет дечиња на возраст од пет до единаесет години, ќе се дружат низ спорт и спортски активности на годинашното издание на “Фудбал за сите”.
Oпштина Крива Паланка со поддршка од Здружението за унапредување меѓусебна доверба ТАКТ и годинава ја организира манифестацијата “Фудбал за сите” ги ангажира и радува дечињата, момчиња и девојчиња, и им овозможува петдневна фудбалска, спортска и забавна дружба. Дечињата се распоредени на единаесет станици каде со ангажираните млади 22 тренери и поддршка од тројцата лидери работат основи на фудбалската игра, учат низ разни игри за тимска работа и лидерство и уживаат во секојдневната тричасовна дружба на тревникот, усвојувајќи здрави спортски навики.
Општина Крива Паланка продолжува со заложбите за реализација на проекти и активности насочени кон младите и спортот, еден од врвните приоритети на работење на локалната самоуправа.