Се одржа “Џип-рели низ Осоговските Планини 2023”

Повеќе од триста авантуристи, љубители на адреналински спортови и офф-роад возење со стотина теренски возила, џипови, моторцикли, АТВ возила, викендов , 12 и 13 август, уживаа во прекрасната природа на Осоговските Планини на атрактивното џип-рели под покровителство на Општина Крива Паланка што традиционално се одржува секоја година.

Учествуваа љубители на адреналинско возење од Охрид, Кочани, Кичево, Тетово, Гостивар, Куманово, Македонска Каменица, Крива Паланка и бројни други градови од земјава и соседна Србија.

Рутата годинава изнесуваше околу 40 километри, се возеше по изменета траса, преку Дурачка Река, Дренак, Бела Вода, до Калин Камен, кадешто беше поставена кампинг зоната кај ѕ.н. Ловечка куќа.

– Учесниците имаа можност како и секогаш да доживеат едно ново поинакво патешествие и дружење за паметење во прекрасната природа на овој дел од Осоговските Планини. На локацијата на Калин Камен во недела се одвиваа трките, по две категории за џипови, моторцикли и АТВ возила и една хард- трка во шумски предел, а најуспешните добија награди од организаторите и бројните спонзори и поддржувачи, рече Синиша Давитковски од Офф-роад Екстрим, Крива Паланка.

Она што е за поздравување е што учесниците заедно со организаторот се погрижија да ја остават природата чиста и уредна и беше собрано и расчистено сѐ на прекрасната, позната излетничка локација на Калин Камен.

 

Големина на фонт
Контраст