Во Крива Паланка се одржа поетската манифестација “Лирски треперења”

-Стихови од творештвото на поетите од Велес, Кочани, Штип, Куманово, Скопје, Полска и од поетесите од литературниот клуб “Калин”, НУ Центар за култура Крива Паланка синоќа прозвучија на летната сцена во градскиот парк Крива Паланка на манифестацијата “Лирски треперења”.

-Настанот е дел од програмата на “Кривопаланечко културно лето”, ја донесе разноликоста на пишаниот збор испишана со креативност и поетски вознес на авторите и авторките од разни краеви на државата.Она што особено радува е присуството на бројни млади локални поетеси, но и вљубеници во пишаниот збор кои чекорат по стапките на поискусните од литературниот клуб “Калин” што работи во рамките на нашата национална установа. Дел од нив читаа свои стихови, дел македонска поезија, гостуваше нашата паланчанка Елеонора Николовска, а публиката беше почестена и со присуството на поетесата Ана Срока, која е една од првите членови на клубот,а живее и работи во Полска,, така што, сѐ на сѐ, имавме богата и успешна манифестација со учество на триесетина поети, изјави директорот на НУЦК, Антонио Стојановски.

“Лирски треперења” е традиционална меѓународна поетска манифестација, годинава беше без присуство на странски поети, до акцент на македонски афирмирани и авгори вo подем, до цел да се истакне и афирмира македонското творештво.

Настанот е дел од програмата на “Кривопаланечко културно лето 2023”, во организација на Општина Крива Паланка, институциите од областа на културата од општината, со поддршка од Министерството заес култура на Северна Македонија.

Вечерва на програмата е концерт на детски песни од повеќе изданија на познатиот детски музички фестивал “Распеано симитче”.

Големина на фонт
Контраст