Двесте и дваесет дечиња од Крива Паланка учествуваа на “Фудбал за сите”

Од 16 до 20 август на градскиот стадион во нашиот град се одржа второто издание на “Фудбал за сите”, спортско – рекреативна манифестација во организација на Општина Крива Паланка со поддршка на ТАКТ.

Градоначалникот Сашко Митовски традиционално присуствуваше на последниот ден од одржување, дружејќи се со дечињата со кои разменија насмевки, тие го споделија наученото, ги покажаа своите вештини,  а градоначалникот заедно со нив заигра фудбал.

-Двесте и дваесет детски насмевки ја красат сликата од завршниот ден на “Фудбал за сите 2023”, кога задолжително се дружам со нив и споделуваме импресии од нивната петдневна дружба на тревникот со фудбалската игра. Со задоволство ја организираме оваа спортско-рекреативна манифестација што ги воведува најмладите во тајните на фудбалот, спортскиот дух и тимската игра. Годинава беа вклучени 22 млади спортисти-асистенти , државни репрезентативци во различни спортови и рол-модели од општината, од кои најмладите имаат што да научат и да земат пример за здрав и спортски начин на живот.Вложуваме во поддршка на младите и спортските клубови, стипендирање на талентирани млади, спортска и детска инфраструктура, во култура и сѐ она што младите ги прави среќни и горди. Во младите вложуваме, тие се наша иднина, рече градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

Младите вклучени тренери работеа под водство на одговорните лидери Бранко Павловски и Антонито Јакимовски, а школата и оваа година се реализираше со поддршка од Здружението за унапредување меѓусебна доверба ТАКТ од Скопје.

Големина на фонт
Контраст