На летната сцена во центарот на градот во саботата пред неколку стотици граѓани настап на отворено имаа младите музички таленти од нашиот културен бренд- детскиот фестивал „Распеано симитче“.
Вдителката , нашата кривопаланчанка, позната македонска актерка, Елизаб ета Стефановска најавуваше, по што нивниот талент раскошно се претставуваше пред присутните.
Талентираните распеани “симитчиња” ја разиграа атмосферата во паркот и со весели звуци вредни илјадници аплаузи го разубавија неделниот распоред на “Кривопаланечко културно лето” кој се заокружи со “Гезме”.
“Гезме” за крај на неделата беше вистинско гезме со тамбурашката музика на вечерашната боемска вечер на “Кривопаланечко културно лето”.
Неделава нѐ очекуваат најголемите фестивали во градот што ќе ја направат нашата Крива Паланка центар на културните случувања во државата.
На програмата од 23 август, среда се до 29 август, понеделник се долгоочекуваните традиционални музички фестивали:
23-25 август 2023, 18 Меѓународен фолклорен фестивал “св.Јоаким Осоговски”, градски плоштад
27-28 август 2023, 10 јубилејно издание на “Џојфест “, градски стадион и
29 август 2023 “Фестивал на традиционална храна” , градски стадион.
Сите овие настани ќе придонесат ова лето во Крива Паланка да биде лето за паметење.