Поставен тампон на локалниот пат Мизовски ливади – село Градец

Денес е завршено тампонирање на локалниот патен правец што ги поврзува населбата Мизовски ливади со село Градец.Општина Крива Паланка преку реализација на проектот “Тампонирање на општински пристапен пат кон Мезовски Ливади – село Градец” инвестираше во олеснување на пристапот на населението од овие две населени места, средства во висина од 1.437. 452 денари.Поставен е тампон на вкупна должина од 550 метри, со средства обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), 1.000.000 денари, додека останатите 437.452 денари се сопствени средства од буџетот на Општина Крива Паланка.

Општината продолжува да инвестира во подобрување на квалитетот на живот на граѓаните во сите населени места, во тек е реконструкција и рехабилитација на повеќе улици во населбата Илинден, до крајот на неделата се очекува да заврши асфалтирање на патот во селото Кркља и да биде пуштен во употреба, а официјално ќе биде пуштен во употреба и Дневен центар за престој на стари лица во просториите на Општинската организација на Црвен крст Крива Паланка, додека за време на одбележување на големите празници Успение на Пресвета Богородица и Св Јоаким Осоговски најавено е и официјален почеток на проектот за реконструкција и обнова на спортскиот училишен терен во ООУ Јоаким Крчовски, зграда “Партизан”, каде ќе биде направена и енергетски ефикасна фасада на самиот објект на училиштето.

Големина на фонт
Контраст