-Сите првачиња од Општина Крива Паланка што ќе седнат во училишните клупи ќе добијат по 3000 денари од буџетот на општината, а обезбедени се училишен прибор за првачињата, како и ранци за училиште од брендот “Таргет”, донација од локална општествено одговорна компанија.
-Отворен е повикот за остварување на правото на еднократна парична поддршка за првачињата за претстојната учебна 2023/24 година. Доделуваме поддршка од 3.000 денари од буџетот на општината за сите првачиња, што ќе седнат во училишните клупи во претстојната учебна година. Сите семејства од општината што имаат прваче можат да добијат субвенција за олеснување на почетните трошоци за првооеделенче, а обезбедени се прибор, како и ранчиња од фирма што е општествено одговорна за сите првачиња,а за оние од семејства во социјален ризик, има дополнителен пакет прибор, информираат од службата за комуникација со јавност во општината.
Во училишните клупи во двете основни училишта во Крива Паланка од 1 септември ќе седнат вкупно 118 првачиња, од кои 49 во основното општинско училиште “Илинден”, а ООУ “св.Јоаким Крчовски” 69.
Барања за финансиска поддршка на првачиња се достапни за писмено потполнување и достава до општинската архива и онлајн преку веб или мобилната верзија на дигиталната платформа мЗаедница, дел наменет за субвенции.
Образецот и сите информации за потребните документи во прилог на барањето е достапен на веб-страницата на Општина Крива Паланка на следниот линк:
https://www.krivapalanka.gov.mk/novosti/34260
Краен рок за доставување на аплицикациите е 30 септември 2023 година.