Успешно реализиран 18 Меѓународен фолклорен фестивал “св.Јоаким Осоговски”

Со доделување плакети и благодарници на сите годинашни учесници на трите фестивалски вечери и паланечки тројка за крај што ја заиграа и играорците и публиката,  официјално беше затворен 18 Интернационален фолклорен фестивал св.Јоаким Осоговски во Крива Паланка.

Синоќа дефилето се одржа од улица “Херој Карпош” до градскиот плоштад.

Учесниците од петте земји: Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Романија и Северна Македонија го привлекоа вниманието на стотици граѓани и посетители на Општина Крива Паланка кои го преполнија плоштадот.

На крајот од настанот беа доделени специјални плакети за учество и благодарници, кои од име на организаторите ги додели директорот на НУЦК Крива Паланка, Антонио Стојановски.

18 Меѓународен фолклорен фестивал “св.Јоаким Осоговски” го организираат Општина Крива Паланка и НУ Центар за култура Крива Паланка со поддршка од Министерството за култура на Северна Македонија.

На вториот ден од одржување на фестивалот, градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, организираше свечен прием на делегациите од фолклорните ансамбли и културно уметнички друштва.

Големина на фонт
Контраст