Асфалтиран патот во село Кркља

-Нов асфалтен пат во должина од еден и пол километар добија жителите на селото Кркља, кривопаланечко.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, извршија увид во новоизградениот патен правец и истакнаа дека ова е прв капитален инфраструктурен проект во селото по 40 години.

-Жителите на село Кркља од денес чекорат по нов асфалтен пат, инвестиција вредна 12.000.000 денари. Патниот правец е во должина од 1.5. километри, асфалтирана е делницата од клучката со асфалтнипт пат кон маала Џиковци и Тукарци. Средства се обезбедени преку Програма за финансирање проекти за развој на подрачја со специфични развојни потреби 2022/23 на Биро за регионален развој и Министерство за локална самоуправа.Инвестираме во секој дел од општината.Се грижиме за сите граѓани, рече градоначалникот Митовски.

Министерот Николовски на својот Фејсбук профил напиша: “Пуштен во употреба локалниот пат во село Кркља. Ова е прва капитална инвестиција за селото после 40 години. Жителите од овој крај ќе добијат современ пристап до централното градско подрачје. Инвестираме во патната инфраструктура, поврзувањето на селата во кривопаланечко е приоритет на кој посветено работиме”.

Големина на фонт
Контраст