Се одржа првиот “Фестивал на храна” во организација на Општина Крива Паланка

На градскиот стадион во Крива Паланка на 29 август се одржа премиерното издание на “Фестивал на храна” со над 70 изложувачи на органска храна, понуди специјалитети и производи од поднебјето на Осоговието, од Берово,Струмица,Струга, Неготино, Куманово, Кавадарци, Кратово.

-Богатство од вкусови на храна и пијалаци, кривопаланечки симит, вино, мед, сѐ што е одлика на богатата, препознатлива, автентична македонска кујна денес пред бројните посетители беше достапно за дегустација и презентација.Крива Паланка со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство добива уште еден настан што ќе ја збогати културната понуда на градот, рече градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

Настанот се одржа во соработка со Националната федерација на фармери.

– Овој настан е одлична можност за производите да се претстават нивните производи и во оној регион, а е фестивал што е продолжение на неколкуте вакви настани во одржани низ државата, со поддршка од Министерството за земјоделство, а е предвесник на големиот “Отворен Балкан” фестивал на храна што ќе се одржи во Скопје во септември. Членките,околу 120 на Националната федерација на фармери, се дел од платформата кадешто можат да се информираат и да ги користат сите поволности, рече Фросина Ѓоргиевска од Ресен, национален координатор на мрежата на жени фармери при Националната федерација на фармери и член на УО на НФФ.

На настанот присуствуваше и министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, кој истакна дека Истокот се развива се повеќе и тоа со брзи чекори. -Градот под Осоговските Планини, градот во долината на Крива Река, градот на симитот, на светиот Јоаким Осоговски, мојот град, од денеска добива уште една причина повеќе да биде туристичка дестинација за странски и домашни туристи. За прв пат имаме можност да уживаме во „Фестивал на храната“, како една од националните манифестации низ државава, поддржани од Програмата за рурален развој на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Овој фестивал на храната, е нова можност за Крива Паланка, да биде домаќин на над 70 изложувачи, мали производители од целата држава, кои токму овде ги презентираат своите брендови, истакна Николовски.

На централниот штанд на стадионот посебно место имаше Општина Крива Паланка,каде беа поставени кривопаланечки симит, сарамсаклии, баклава, баница, како и бројни солени и благи специјалитети, традиционални специјалитети од кривопаланечко кои ги подготвија млади и возрасни домаќини.

Големина на фонт
Контраст