Дечињата од населбата Илинден во нашата општина добија ново детско катче кадешто на површина 200м2
се изградени спортско-рекреативно катче и детско игралиште со урбана опрема.
Инвестирани се 1.000.000 денари од општинскито буџет за детската среќа која има најголема вредност, а нема цена.
Инаку, ова е само едно во низата детски урбани катчиња изградени во Општина Крива Паланка и уредено за само дваесет месеци.
По првото што беше поставено во градскиот парк со донација од амбасада на Р Кина во 2021 година во вредност од 500.000 денари, досега детско урбани катчиња, во најголем процент со инвестиции од општинскиот буџет се изградени во: населба Лозаново, 1.500.000 денари, од општината, населба Маневци, 500.000 денари од градоначалникот на Општина Крива Паланка, двор на објект „Поточиња“, детска градинка „Детелинка“, 400.000 денари, донација од Флекс Кредит, м.в. Болничка ливада, 600.000 денари од буџетот на општината, двор на „Детелинка“- објект „Пролетна роса“, 400.000 денари, проект „Ромактед фаза 2“, кај метеоролошка станица, 1.700.000 денари, од општината, населба „Единство“, 600.000 денари од општински буџет исто така.