Оддржани работилници со млади за значењето на шумите за животната средина

На ден 19 и 20 Септември 2023 година Извидничкиот одред Наум Наумовски-Борче од Крива Паланка и проектниот партнер Сојуз на извидници на Македонија одржаа дводневни работилници со учениците од ООУ Јоаким Крчовски и ООУ Илинден од Крива Паланка.

На работилниците главна цел беше запознавање на учениците со Проектот: БОРЕНКА МЛАДОНСКА АКЦИЈА ЗА АКТИВИЗАМ И ВОЛОНТЕРИЗАМ, неговата улога во општеството, активностите кои ќе се спроведуваат и значењето на шумите за животната средина.

По презентацијата на проектот од страна на искусни волонтери од Извиднички одред Наум Наумовски -Борче и Сојуз на Извидници на Македонија, учениците цртаа дрвца на лист хартија кои ги посадија во виртуелната шума, потоа преку прожектор ни беше прикажан анимиран филм кој праќа јасна порака како да се заштитуваат шумите од пожари.

На овие работилници зедоа учество 400 ученици од 3, 4 и 5 одделение.

Проектот „БОРЕНКА МЛАДИНСКА АКЦИЈА ЗА АКТИВИЗАМ И ВОЛОНТЕРИЗАМ’’ финансиски е подржан од UNDP со кофинансирање од Општина Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст