Започнаа интезивни градежни активности на улица „Македонска“ во нас. Баглак

Градоналникот Сашко Митовски, заедно со стручните служби од општината денес изврши увид во воведните градежни активности за изградба на атмосферска и фекална канализација на ул. „Македонска“ во  населба Баглак, како и градежните активности за поставување на нова коловозна конструкција-асфалт на истата улица.

Со овој градежен зафат на улица „Македонска“ ќе се реализираат два инфрастуктурни проекти и тоа:

  1. Проект за изградба на атмосферска канализација во должина од 230 м. на ул. „Македонска“ со обнова и реконструкција на дел од канализационата мрежа со поставување на странични сливници, попречни решетки и шахти долж предвидената траса.

Вкупната вредност за изведба на овој прект е во висина од 3 400 000.оо ден.  а финасиските средства  се обезбедени од Министерство за животна средина и просторно планирање и општина Крива Паланка.

  1. Проект за реконструкција на ул. „Македонска“ со поставување на нова коловозна конструкција-асфалт и нови рабници од двете страни на улицата, на потегот од м.в.Шанин мост кон Метереолошка Станица, во должина од околу 600м.

Финансиските средства за овој проект се обезбедени преку Бирото за регионален развој, а вкупната вредност е во висина од 4 000 000.оо ден.

Општината континуирано планира и инвестира за подобрување на урбаниот и модерен лик на секој дел од градот, а конкретно со изградбата на двата инфрастуктурни проекти на овој дел од населбата Баглак, значително ќе се подобрат условите за живот на населението од овој реон,  со сите неопходни услови и атрибути на една урбана средина и конечно ќе се реши и долгогодишниот проблем со одведувањето на атмосферските води од овој дел од градот.

Имајќи го предвид крајниот бенефит од реализацијата на овие проекти за целокупното население на населба Баглак, а посебно на жителите кои живеат во овој реон, општина Крива Паланка, ги замолува граѓаните да имаат разбирање и очекува фер однос и соработка од страна на сите засегнати учесници во сообраќајот за цело време додека трае неговата реализација. Да се почитува сообраќајната сигнализација и инструкциите од изведувачот на делот од улицата каде се одвиваат градежни работи.

Големина на фонт
Контраст