Започна асфалтирање на улица Наско Тамбурков во населба Илинден

Денес во Општина Крива Паланка се започна со асфалтирање на улица „Наско Тамбурков“ во населба „Илинден“, прва од вкупно 6-те улици од оваа населба, на кои во континуитет ќе се изврши рехабилитација и реконструкција на коловозот.

Градоначалникот Сашко Митовски  изврши обиколка на градежните активности за асфалтирање  на улицата, а работните екипи го информираа за динамиката и интензивирањето на активностите за финализација на овој проект, со кој ќе се изврши рехабилитација и реконструкцина ја вкупно 6 улици во населба „Илинден“ и

тоа: улица „Наско Тамбурков“,

ул.„17-та Македонска бригада“, ул. “3-та Македонска ударна бригада“, ул.“Ѓорче Петров’, ул.“Димитар Влахов“ и ул.“Чупино Брдо“.

Финансиските средства за рехабилитација и рекострукција на 6-те улици во населба „Илинден“ се обезбедени преку Министертсвото за транспорт и врски и се во висина од околу 15 милиони денари.

Во текот на реализација на овој проект, ЈП Комуналец изврши рекострукција на водоводната инсталација и конечно азбесните цевки се заменети со нови полиетиленски.

Општина Крива Паланка во рамки на своите можности интензивно работи на подобрување на локалната патна инфраструктура со  реконструирање и асфалтирање на општинските патишта и улици,уредување на тротоарските површини и генерално подобрување на  локалната инфраструктура, со што ce придонесува за одржлив локален економски развој и овозможување поквалитетен живот и животен стандард за граѓаните во општина Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст