Преполната сала и долгиот аплауз, синоќа го покажаa интересот и задоволството на публиката, која имаше можност да ужива во прекрасната комедија „Три ипол сестри“во изведба на глумците од Градски театар „Јоза Ивакиќ“ од Винковци.
Претставата е работена во режија на Пеѓа Гвоздиќ, а актерската група ја сочинуваа Петра Цицвариќ, Матеа Марушиќ, Мартина Стjeпановиќ и Ловорка Трдин.