Oпштинска делегација во еднодневна посета на град Бор

Делегација на Општина Крива Паланка, предводена од градоначалникот Сашко Митовски, беше во официјална посета на град Бор од Р. Србија по повод одбележувањето на нивниот празник на градот, 3-ти Октомври.

На покана на градоначалникот Александар Миликич, делегацијата од Општина Крива Паланка  присуствуваше на главната свеченост и свечената академија, како и на другите настани организирани по повод Денот на градот Бор.

Крива Паланка и Бор се збратимени градови, кои веќе имаат воспоставено  пријателство и соработка во областа на културата, а се работи и на разивање на можности за воспоставување на соработка во областа на младинскиот активизам и економијата, како и јакнењето и негувањето на блиските врски со големиот број на иселеници од кривопаланечкиот крај.

Големина на фонт
Контраст