Одржана свечена седница по повод 8 Октомври – Денот на ослободување на Крива Паланка

Со свечена седница на Советот на општината, денеска беше одбележан Денот на ослободувањето на Крива Паланка „8-ми Октомври“ и 79 години слободна Крива Паланка.

На денешната Свечена седница, градоначалникот Сашко Митовски и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, потпишаа меморандум за реализација на проектот „Проширување и рехабилатија на централна градска улица од населба Единство до Соларски Мост“.

Проектот е со вредност од 40 милиони денари, обезбедени од Светска банка и Министерство за транспорт и врски.

„Ова е Проект што ќе го промени ликот на централното градско подрачје, ќе го реши проблемот со сообраќајниот метеж и ќе биде новиот урбан проект со кој сите ќе се гордееме“ и токму затоа,  Денот на градот го славиме со креирање на ликот на нова, модерна, Европска Крива Паланка, изјави градоначалникот Митовски пред присутните гости.

Во рамки на Свечената седница, од страна на Советот беше усвоена Oдлука за доделување на наградата „8-ми Октомври“, „Плакета за особени постигнувања и придонес за развојот и афирмацијата на Општина Крива Паланка“ и  „Признание  за особени постигнувања од значење за развојот на Општина Крива Паланка и за нејзина афирмација во Република Северна Македонија и во светот“ за 2023 година, како и Одлука за донесување на ГУП за  урбан развој на општина Крива Паланка.

Градоначалникот Сашко Митовски, имаше свое обраќање, во кое на сите кривопланчани и  на присутните гости и советници  им го честита Денот на ослободувањето на Крива Паланка, 8 Октомври и даде осврт за реализираните проекти.

Обраќање на градоначалникот Сашко Митовски, по повод Денот на ослободување на Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст