СВЕЧЕНО ОДБЕЛЕЖАНИ 79 ГОДИНИ ОД НЕЗАВИСНОСТА НА КРИВА ПАЛАНКА

Со положување цвеќе на спомен- бистата на паднатите борци од НОБ пред општинската зграда, во Крива Паланка продолжи празнувањето на празникот на градот, денот на ослободување на општината, 8 Октомври.

На овој ден во 1944 година хероите од Народноослободителната борба ги положиле животите за денешната слобода на сите граѓани на Крива Паланка.

По тој повод, цвеќе на споменикот од НОБ положија делегации од: Општина Крива Паланка, предводена од градоначалникот Сашко Митовски, од Советот на општината, предводена од претседателката, Изабела Павловска, претставници од Советничките групи-членови на Советот,  преставиници на Сојузот на борци од НОВ, претставници од Здруженијата на старосни пензионери и пензионери трудови инвалиди од Крива Паланка,претставници на локалните и подрачните институции, претставници од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство  предводена од Министерот Љупчо Николовски, делегација од Министерството за транспорт и врски предводена од Министерот Благој Бочварски, делегација од Австриска амбасада предводена од  НЕ Амбасадорот Мартин Паме,  делегација од Босанска амбасада предводена од НЕ амбасадорот Драган Јаќимовиќ, од амбасадата на Јапонија во Република Северна Македонија предводена од НЕ амбасадарот Оцука Казуја,  од амбасада на Руската федерација предводена од  НЕ амбасадорот Сергеј Баздникин, на амбасадата на НР Кина во Република Северна Македонија  предводена од Советник во амбасадата г-дин Су Леи,  претставници на збратимените градови, претставници на други општини од РС Македонија, како и  претставници на граѓански здруженија, организации, компании и различни форми на делување.

Активностите за одбележување на денот на ослободување на Крива Паланка, 8 Октомври, продолжуваат со манифеставијата „Шопска софра“  и подоцна со свечена академија закажана за 17 часот во НУ Центар за Култура Крива Паланка.

 

 

Големина на фонт
Контраст