Манифестација „Шопска софра“во рамки на празнувањето на Денот на градот 8-ми Октомври

Вкусната традиционална храна од кривопаланечко денес на манифестацијата „Шопска софра“со полна трпеза ги угости сите гости на општината по повод 8-ми Октомври, Денот на градот.

Храна и органски производи приготвени по традиционални рецепти карактеристични за нашето поднебје, се она што го одликува овој крај и носи вкусови за кои се раскажува надалеку.

Секој што бил во Крива Паланка го памети и раскажува вкусот, автентичноста на специјалитетите од паланечката кујна, кој е вистински потенцијал за развој на гастрономски туризам.

Општина Крива Паланка по трет пат ја организира манифестацијата „Шопска софра“ со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РС Македонија.

Големина на фонт
Контраст