Одржан првиот Форум за партнерство

Во Големата сала на Советот на општина Крива Паланка се одржа првиот Форум за партнерство на првиот Повик за предлог прокти на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р. Македонија и Р. Бугарија. На форумот присутвуваа преставници на општини, локални, регионални и национални институции и установи, преставници на Невладини организации и асоцијации од двете земји.

Во присуство на преставниците од Заедничкиот Технички Секретаријат од Ќустендил и Техничката помош на Програмата беа разгледани можностите за партнерства и проектни идеи за првиот повик за предлог проекти.

Инаку, предвидениот буџет на програмата за првиот повик изнесува 4 131 652 Евра. Проектните предлози треба да се однесуваат за една од двете приоритетни оски:
1. Економски развој и социјално зближување;
2. Подобрување на квалитетот на живот.
Крајниот рок за поднесување на предлог проектите е 14 Декември 2009 г. до 16:00 часот локално време на адресата посочена во Упатството за аплицирање.

Големина на фонт
Контраст