ДОДЕЛЕНИ НАЈВИСОКИТЕ ОПШТИНСКИ НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА за 2023

На Свечената академија која се оддржа по повод Денот на ослободувањето на Крива Паланка беа доделени највисоките општински награди и признанија за 2023 година, кои се доделуваат за посебни заслуги и за афирмација и промоција на општината во национални и меѓународни рамки.

Наградата „8-ми Октомври“ за 2023 година во Општина Крива Паланка е доделена на г-дин Љупчо Николовски – Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство  во  Владата  на Република Северна Македонија.

Признанието „Плакета за особени постигнувања и придонес за развојот и афирмацијата на Општина Крива Паланка“ за 2023 година во Општина Крива Паланка е доделена на г-дин   Оливер Спасовски – Министер за внатрешни работи  во  Владата  на Република Северна Македонија.

 Признанија за особени постигнувања од значење за развој на Општина Крива Паланка и за нејзина афирмацијаво РС Македонија и во светот, за 2023 година беа доделени на :

  1. Костадин Ацевски-Директор на ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта „Македонија пат“, за укажаната помош при санирање на последиците од невремето и поплавите кои ја зафатија општина Крува Паланка.
  2. Митрополит кумановско-осоговски г.Јосиф, за истрајниот истражувачки процес од 2004 година, канонизацијата и прогласувањето за светец на Св. Јоаким Крчовски, како и за одржувањето на светата архијерејска литургија, со која чуноначелствуваа поглаварот на МПЦ-ОА г.г.г.Стефан и српскиот патријарх Порфириј.
  3. Теодора Илиевска- „Амика Мика ДООЕЛ увоз-извоз Крива Паланка“ за континуирана поддршка на локалната економија, како и унапредување и вложување во нови технологии.
  4. Здружение за културни и уметнички дејности ЏОЈ ФЕСТ Крива Паланка – Александар Михајловски, по повод 10-то јубилејно издание на музичкиот фестивал и афирмација на градот.
  5. Гоце Ристовски – Уметнички Директор на Меѓународен театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ Крива Паланка, во чест на 15-от јубилеј на фестивалот и грижливо сочуваната театарска хроника преточена во монографски изданија.
  6. Слаткарница „Спорт“ Крива Паланка, локален кривопаланечки бренд, со сочувана традиција на афтентични призводи-прочуената кривопланечка боза, тулумбите, шампите, сладоледот произведени според стари оригинални рецепти.
  7. КУЗ „Карпош“ Крива Паланка, во чест на 50-годишнината во негувањето на кривопаланечкиот фолклор и традицијата.
  8. Кристијан Станојковски – ППК „Крива Паланка 2007“, државен пинг-понг првак во сениорска конкуренција, 13 пати по ред.
  9. Д-р Суб.Спец. Александар Трајановски – Директор на ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ, заедно со тимот на лекари на Ургентен Центар, за секогаш отворена врата, искрениот и пријателски пристап, помошта и многу спасени животи на наши сограѓани.
  10. Проф. Д-р Никола Јанкуловски – Ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје и професор на Медицински факултет Скопје, кој со својот личен капацитет знаење и енергија остварува соработка со своите колеги, пријатели и со општина Крива Паланка на полето на медицината и грижата за пациентите.
  11. Доц.Д-р Софија Пејкова – Директор на Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија, специјалист по општа хирургија, супспецијалист по пластична и реконструктивна хирургија. Д-р Пејкова е уште една успешна кривопланечка приказна, на личност со богата професионална кариера, но и со голема љубов и почит кон својот роден град и своите сограѓани-кривопаланчани, нивна помош и поддршка кога е најпотребно.
  12. Д-р Стевчо Митовски – Професор на Градежен факултет Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, добитник на инженерски прстен за поддршка на инженерството и на младите инженери, кој значи успех и голема одговорност за неговата континуирана работа, научно-истражувачка дејност, посветеност и придонес во развојот на инженеството во државата и пошироко. Млад човек, со богата и успешна кариера, секогаш достапен за поддршка на Крива Паланка и кривопланчани.
Големина на фонт
Контраст