Општина Крива Паланка во соработка со Центарот за управување со промени (ЦУП) денес ја реализираше последната сесија од последователните обуки за развој на женски бизниси во општина Крива Паланка, на која воедно беа доделени и сертификати на учесничките.
Главни теми на денешната обука за развој на женски бизниси во Општина Крива Паланка, беа финансиско работење и одржливост на социјалните претпријатија.
Во рамки на обуката беше отворена дискусија со дел од учесничките и претставници од Општината Крива Паланка, во врска со развојот на концепцијата „женско оретприемништво и економија на грижа“ на локално ниво.
Програмата на обуки, која се спроведе во соработка со општината Крива Паланка, е дел од проектот ‘Социо-економско зајакнување на младите жени од Североисточниот плански регион”, финансиран од ЕУ, а се имплементира во рамки на проектот “Потпри се на младите”.
Општата цел на проектот е да се зајакне социо-економската состојба на младите жени од руралните средини преку развој на вештини за креирање на бизнис модели во областа на економија на грижа.