Општина Крива Паланка е една од петте општини во РС Македонија каде се реализираше меѓуопштински проект со Општина Ранковце, преку кој општините ги зајакнаа своите капацитети за одговор и спасување со кризни ситуации.
Овој проект се реализираше со финансиска поддршка од УНДП, а преку него се изврши и набавка на нова опрема и дрон за потребите на ТППЕ, а воедно беше изготвен и Меѓуопштински стратешки план за намалување на ризици од катастрофи.