Набавена нова опрема за културни настани во Крива Паланка

Со инвестиција од околу 600 000 денари Општина Крива паланка и Локалната установа Градски музеј, извршија набавка на повеќенаменска монтажна бина со придружни елементи за сцена, заштитни огради и столчиња што ќе се користат за организација на културните настани и манифестации од отворен карактер по кои општината е препознатлива.

Станува збор за инвестиција од околу 10.000 евра, со која е набавена монтажна бина со придружни елементи за осветлување и сценографија, заштитни огради за помасовни настани и собири, тенди за органзација на настаните во различни временски услови и столчиња за публика.

Ова е надополнување на се она што во изминатите две години се инвестира за подобра реализација на целокупната Годишна програма за култура на Општина Крива Паланка и на Кривопаланечко културно лето.

Општина Крива Паланка во изминатиот период значително инвестираше во подобрување на условите и опремување на летната сцена во градскиот парк и плоштад, а целокупната набавена опрема  ја користат ЛУ Градски Музеј, НУ Центар за култура и Општина Крива Паланка.

До крајот на годината, во Крива Паланка престои реализација на уште неколку големи културни настани, како што се: „Новогодишен базар 2023“, детски фестивал „Распеано симитче“ што Центар за аудиовизуелни уметности го одржуав со поддршка од Општина Крива Паланка, а претстојат и пост-новогодишните настани и манифестации на отворено, прославите на Бадник и Водици.

Општината прави огромни напори и заложби во насока на подобрување на логистичките и технички услови, ресурси и опрема, кои општината ќе ги распопага и утопребува за сите настани од отворен карактер, кои се органзииарарт во тек на цел година, како дел од културната програма, а привлекуваат се поголем број посетители и публика, рече Величковски.

За поддршка на култура, Општина Крива Паланка во 2023 година, издвои буџетски средства во висина од околу 7.5 милиони денари, а со поддршка на Министерство за култура ќе се реализира и проектот за изработка техничка документација за реконструкција на целата зграда на НУЦК Крива Паланка, вреден 800.000 денари,  со што Крива Паланка се вброи во редот на општини што реалзизирале најголем број настани, над 50, од различен карактер во рамки на „Кривопаланечко култруно лето 2023“.

Големина на фонт
Контраст