Денес градоначалникот Сашко Митовски направи увид во воведните градежни активности за реализација на проектот за изградба на „ПАМП -трака за велосипеди” на спортскиот комплекс во Крива Паланка.
Со реализација на овој проект, младите од градот добиваат нова, атрактивна и уникатна спортско-рекреативна содржина што ќе ги привлече сите љубители на велосипедизмот.
Финасиските средсва за изградба на „ПАМ трака за велосипеди“ е во висина од 4.000.000 денари и тие се обезбедени од Швајцарска агенција за развој и соработка, преку УНДП и кофинансирање од буџетот на Општина Крива Паланка.
Општина Крива Паланка континуирано инвестира во развој спортот и спортската инфрасруктура за правилен раст и развој на децата и младите.