Отчет за двегодишната работа на градоначалникот Сашко Митовски

Градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски, во преполаната сала при НУ Центар за култура, даде отчет за сработеното за измининатите две години  – период на секојдневна, деноноќна и посветена работа за развојот на општината, унапредување и подобрување на условите за живот на секој еден жител на нашиот град, за подобро утре на генерациите што доаѓаат.

Посветеност која изроди дела, а не само празни зборови и ветувања. Бројни реални реализирани проекти за подобра инфраструктура, низа на мерки и субвенции за млади, образование, спорт, социјална заштита, култура, хигиена, хортикултура, туризам…

Во овој период од 24 месеци градот се развива со силно темпо, се решаваат долгогодишни проблеми на граѓаните, се менува сликата на градот – Крива Паланка сега е модерна, привлечна, урбана и европска.

Продолжуваме…со срце и од срце за Крива Паланка!

 

Големина на фонт
Контраст