Конкурс за обука за Личен асистент на лица со попреченост

Врз основа на верификација на посебна програма за личен асистент на лица со попреченост, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска  организација Крива Паланка со поддршка на Општина Крива Паланка, распишува:

 К О Н К  У Р  С
за обука за Личен асистент на лица со попреченост

Се повикуваат сите заинтересирани невработени лица од територијата на Општина Крива Паланка и Ранковце, кои сакаат да посетуваат обука и да се стекнат со верификуван сертификат да аплицираат во периодот од 06.11.2023 до 15.11.2023 година.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Да се државјани на Р.С Македонија;
  • Да имаат над 18 години;
  • Да имаат општа психо-физичка способност за работа;
  • Да имаат минимум основно образование;
  • Да се невработени;
  • Да бидат мотивирани за работа со лица со попреченост;
  • Да бидат мотивирани по обуката да бидат вклучени како лични асистенти во сервисите за личен асистент на лица со попреченост при Нега центар – Црвен крст Крива Паланка.

Напомена:  Обуката за личен асистент на лица со попреченост е  бесплатна.

Заинтересираните кандидати можат да се пријават на е-маил: [email protected] , на тел. 070 27 22 11 или во канцеларијата на Црвен крст Крива Паланка;

Секој заинтересиран кандидат ќе биде повикан на индивидуално интервју.

 

Големина на фонт
Контраст