Светската здравствена организација организираше Форум на заедницата во општина Крива Паланака за подигнување на јавната свест за менталното здравје кај децата, адолесцентите и младите

Во Крива Паланка се одржа Форум на заедницата на којшто жените-лидерки ја подигнуваат јавната свест за важноста на менталното здравје кај децата, адолесцентите и младите.

За менталното здравје на младите нема многу податоци, но постоечките истражувања укажуваат на големи проблеми со менталното здравје од типот на депресија и анксиозност кај децата и адолесцентите, што се должи на фактори како што се сиромаштијата, социјалната исклученост, изложеноста на семејно насилство и стигмата.

Според последното истражување што го спровела Универзитетската клиника за психијатрија со поддршка од УНИЦЕФ, околу 30% од адолесцентите имаат умерени до тешки симптоми на депресија, додека скоро половината од нив, односно 48,4%, изјавиле дека се чувствувале потиштено или тажно подолг временски период во текот на изминатата година.

Препознавајќи го исклкучителното значење на менталното здравјте на децата и адослецентите, во септември 2020 година, (СЗО) и Фондот за децата на Обединетите нации (УНИЦЕФ) потпишаа иновативна Заедничка програма за ментално здравје и психосоцијална добросостојба и развој на децата и адолесцентите за периодот 2020 – 2030 година.

Оваа визионерска иницијатива има цел да обезбеди, децата и адолесцентите, кои живеат во земји што учествуваат во Заедничката програма да доживеат, до 2030 година, намалено страдање и подобрeно ментално здравје, психосоцијална добросостојба и развој. Со цел постигнување на овие цели, Заедничката програма се залага за зајакнување на капацитетот на земјите да спроведат мултисекторски стратегии, засновани на докази и на човековите права, кои треба да обезбедат можности, поддршка и услуги за деца, адолесценти и за луѓето кои се грижат за нив. Освен тоа, Заедничката програма има за цел да ги зајакне видливоста на овој проблем, свеста за истиот и инвестициите, како на национално, така и на глобално ниво, преку соработка.

Како дел од Заедничката глобална иницијатива на СЗО и УНИЦЕФ за ментално здравје и психосоцијална добросостојба и развој на децата и адолесцентите, воспоставена е соработка со жени-лидерки од одбрани локални заедници меѓу кои и Крива Паланка, за да им се помогне  да ја подигнат јавната свест за важноста на превенцијата и навремениот третман на проблемите поврзани со менталното здравје.

Целта е да се им обезбеди на ангажираните жени-лидерки знаење и алатки и да се охрабрат да го кренат гласот  за оваа значајна тема во средините каде живеат.

Големина на фонт
Контраст