Општина Крива Паланка на високо трето место од анализите во Индексот на отворени општини

Општина Крива Паланка е во првите три општини во државава со задоволително ниво на отвореност на општините и со индексни поени од 75.0.

Ова го покажува анализата на Здружението за истражувања и анализи (ЗМАИ) кое веќе трета година ја мери транспарентноста, отчетноста, вклученоста и правичноста на општинските буџети преку Индексот за отворени општини (ИОО).

Во групата општини со задоволително ниво отвореност има осум општини во кои спаѓаат општините: Битола – 77.8, Валандово – 75.1, Крива Паланка – 75.0, Делчево – 70.6, Центар – 66.2, Струмица – 65.6, Богданци – 65.6 и Берово – 61.7.

Целта на овој извештај е да ја прикаже состојбата на отвореноста на општините во Република Северна Македонија, преку ИОО за 2022 година. Резултатите покажуваат дека просечната вредност на ИОО за 2022 година е 35,2. Од друга страна, поставените стандарди за отвореност покажуваат дека, општините мора да има индекс од барем 61, за да има задоволително ниво на отвореност.

Покрај, осумте општини кои имаат задоволително ниво на отвореност, 13 локални единици имаат доволна отвореност на буџетскиот процес (вредност на ИОО меѓу 41 и 60), а најголем број од општините, вкупно 49, имаат минимална отвореност на буџетскиот процес (вредност на ИОО меѓу 21 и 40).

Недоволно ниво на отвореност имаат дури 11 општини. Сето ова посочува дека најголемиот дел од општините имаат минимална отвореност на општинските буџети кон граѓаните во 2022, се вели во истражувањето на ЗМАИ.

Резултатите покажуваат дека просечната вредност на ИОО за 2022 година е 35,2, односно отвореноста на општинските процеси е на минимално ниво. Од друга страна, поставените стандарди за отвореност покажуваат дека општината мора да има индекс од барем 61 за да има задоволително ниво на отвореност.

Инаку, акцентот на процесите на локалниот буџет во анализата е претставен преку три области:

  1. Транспарентност
  2. Вклучување и правичност
  3. Отчетност

Резултатите и од оваа анализа покажуваат дека Општина Крива ПАланка е на вистинскиот пат за постигнување на целта- отчетно и транспарентно работење во служба на граѓаните. Согласно анализираните параметри во Извештајот, како приоритет во наредниот период остануваат заложбите за постигнување високо, односно сепофатнониво на отвореност.

Целиот извештај можете да го прочитате на следниот ЛИНК: https://zmai.mk/omi-2022/

Големина на фонт
Контраст