На владина седница која се одджа денес, одобрени се вкупно 38 000 000 денари за три важни инфраструктурни проекти во Крива Паланка.
Одобрени се финасиски средства во висина од 12 000 000 денари за реконструкција и рехабилитација на 3 км. постоен пат во с.Мождивњак, од клучката до магистралниот пат А2, до м.в. Дубје.
10 000 000 денари за асфалтирање на пат во с.Б’с – с.Кошари (фаза 4) и
16 000 000 денари за изградба на речното корито на Крива Река, завршна фаза- 4, поточно за потегот од Спортскиот комплекс до градскиот базен.