Општина Крива Паланка домаќин на седница на Управниот одбор на ЗЕЛС

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски кој воедно е и член на Управниот одбор на ЗЕЛС, денес беше домаќин на редованата седница на ова тело.

На седницата се дискутираше за предизвици со кои се соочуваат единиците на локална самоуправа при спроведувањето на своите надлежности, а воедно беа разгледани и предлог акцискиот план и буџетот на ЗЕЛС за наредната 2024 година.

Овој орган е задолжен да ги спроведува политиките, заклучоците и одлуките на Генералното собрание и ги води активностите на ЗЕЛС меѓу две седници. ЗЕЛС е посветена на афирмација на вредностите на локалната самоуправа, како и развој на принципите на децентрализација и демократија.

Големина на фонт
Контраст